Нашата публика ја интересираше зошто има се помалку домашни документарни емисии. Д-р. Соња Јаќовска – Самарџиева, уредник играно – документарна програма на МРТ вели дека документарната програма е една од најсложените форми на телевизиска програма и е потребно повеќе време, работа и посветеност за да се направи документарна емисија.