Живот во мрежата

Користењето на социјалните медиуми за потребите на граѓанските организации не е воопшто едноставно. Поголема грешка е да се отворат профили и страници само колку да се имаат, отколку воопшто да не се отворат. Но, доколку социјалните медиуми правилно се користат, придобивките се поголема видливост, подобра интеракција со целните групи, подобра поврзаност со луѓето и организациите што имаат слични цели и активности, и многу повеќе.