Како да поднесеш претставка до Советот на честа при ЗНМ?

Забележа непрофесионално и неетичко новинарско известување. Не знаеш каде да реагираш?! Поднеси претставка до Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија ако се сомневаш дека некој новинар во неговото известување ги прекршил професионалните стандарди. Советот на честа има обврска да ја разгледа претставката и да утврди дали новинарот известувал согласно со Кодексот на новинари. Повеќе информирај се на: https://znm.org.mk/sovet-na-chest/