Милка Смилевска, новинарка во Ал Џезира, зборува за известувањето за загинатите мировници во хеликоптерската несреќа кај Катланово во 2008 година. Таа со горчина се сеќава дека во тие болни моменти инсистирала да добие изјава од најблиските, иако новинарската етика наложува новинарите да бидат исклучително внимателни и да не инсистираат кон сензационализам кога се известува во ситуации на семејни трагедии, шок и вознемиреност на семејството.
„Можам да потврдам дека денеска, од оваа временска дистанца, секако, не би го повторила тоа и сметам дека тоа е еден неетички новинарски момент, кога ние новинарите се губиме, сакајќи да ја доловиме атмосферата и да ја прикажеме на јавноста,“ вели Смилевска.
Албанска верзија