Медиумски партнер: Здружение „Медиа Плус“
И покрај несоодветната заштита и честото кршење на правата на потрошувачите од страна на јавниот и приватниот сектор, новинарите често ги занемаруваат овие теми. Тоа се должи на недоволна упатеност во суштината на потрошувачкото право, врската на човековите права со заштитата на потрошувачите и масовноста на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Известувањето за овие проблеми е недоволно и несоодветно, со површен пристап, без елаборирање и квантифицирање на проблемите и често со еднострано информирање што ги пренесува само ставовите на државните органи и трговците. Следствено, свесноста на потрошувачите за нивните права е на многу ниско ниво.
Главната цел на проектот е да се поддржат потрошувачите во Македонија во донесување информирани потрошувачки одлуки и во практикување на нивните потрошувачки права преку издавање електронски магазин за потрошувачи. Врз основа на статистиката на советодавното биро за потрошувачи ќе се избираат актуелни под-области во секоја од темите што би се обработиле во магазинот. Подготовката ќе вклучи и организирање на фокус група со потрошувачи од различни региони во Македонија, интервјуа со државни институции задолжени за развој и спроведување на политиката за потрошувачи, интервјуа со претставници на мас-медиуми кои покриваат потрошувачки права.
Целните групи на проектот се новинари и уредници, надлежните државни институции и пошироката јавност (граѓаните).
ОПМ е формирана како здружение на граѓани во 1996 година во Скопје, Република Македонија. ОПМ е активен член на Меѓународната организација на потрошувачите – Consumers International, Европската организација на потрошувачите – BEUC и Европскиот глас за стандардизација – ANEC. Комисиите на ОПМ се формирани врз основа на практичната работа, ефективни комуникации со експерти во поодделни подрачја, потребите на граѓаните, органите и телата на државната управа и локалната самоуправа во доменот на заштитата на потрошувачите. Нивното постоење и развој е со цел преку соодветни програмски насоки во областите во кои се формирани, да бидат промотор за унапредување и разбирање на правата и одговорностите на потрошувачите.
Лице за контакт од организацијата: Маријана Лончар Велкова, [email protected]