Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст на тема „Регулација наспроти саморегулација на медиумите“ што ќе биде објавен во декемврискиот број на електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.
Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на [email protected]. Апликацијата треба да содржи лични податоци на кандидатот (име и презиме, мејл и телефон), новинарски жанр со кој ќе биде обработена темата, како и краток опис (максимум една страна во ворд) на аголот кој авторот смета дека е релевантен за обработка на темата.
Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 6.000 денари (бруто).
Електронската публикација е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон и Институт за комуникациски студии. Проектот е поддржан од Европската Унија. Секој број на публикацијата ќе обработува една поширока тема поврзана со професионалното новинарство, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во Македонија.
Рок за аплицирање: 22 ноември 2019
Рок за завршување на анализата: 2 декември 2019