За партнерите
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е невладина, непартиска и непрофитна организација која се залага за градење демократско општество во кое слободно функционираат професионални медиуми, транспарентни и отчетни институции и силен граѓански сектор.
МИМ се стреми кон развивање на квалитетен медиумски амбиент кој ќе им овозможува на граѓаните доволно веродостојни информации, за тие да можат да направат информиран избор за сите прашања важни за нивниот живот и за општеството.
Мисијата на МИМ е да го поттикнува и континуирано да помага во процесот на унапредување на професионални стандарди во новинарството, медиумите и во јавната комуникација со цел да влијае врз подобрување на демократските процеси во Македонија.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) е основан од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во 2013 година. ИКС е водечка научно- истражувачка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање.
ИКС во Македонија има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку постдипломските студии да изгради мрежа на млади истражувачи кои ќе ги зајакнуваат столбовите на овие на- учни дисциплини. ИКС е акредитиран за спроведување на магистерски студии во две области: Менаџирање на стратегиски комуникации и Менаџирање на медиуми и мултимедија. Поврзувањето на процесот на настава и учење со научноистражувачката дејност му овозможува на Институтот да го поттикнува развојот на млади кадри во истражувачката дејност и да го унапредува процесот на создавање и ширење на знаењето.
Истражувањата на ИКС се насочени кон испитување на карактерот и функцијата на комуникациските процеси и информирањето, испитување на функционирањето и општествената функција на медиумските организации и асоцијации, истражување на целисходноста на медиумските политики, како и на влијанието што овие процеси и системи го имаат врз индивидуите и општествените групи. Во истражувањата ИКС тргнува од концептите и идеите на различни дисциплини: тој ги комбинира теоретските бази на со- циологијата, политикологијата, комуникациските студии, психологијата и маркетингот.
ССНМ е водечки репрезентативен синдикат во областа на медиумите кој ги обединува новинарите и медиумските работници во РМ во заштитата на нивните права, слободата на говорот и на слободата на медиумите. ССНМ е важен фактор во општеството, кој укажува на сите неправилности кои се случуваат во медиумите, преку креативни методи на работничка борба и преку директни акции се стреми кон слободно новинарство во Република Македонија.
ССНМ нуди нови иницијативи, и активно се застапува и лобира за унапредување и спроведување на соодветна законска регулатива што ја обезбедува слободата на медиумите и ги заштитува новинарите и медиумските работници од заканите и притисоците на сопствениците на медиумите и од влијанијата на државниот апарат. ССНМ активно се застапува за потпишување и почитување на колективни договори на ниво на медиуми и на ниво на гранка.
ССНМ е високо препознаен во јавноста и во медумите со својата синдикалистичка агенда во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумиските работници.
Институт за различности во медиумите од Лондон е меѓународна непрофитна организација која ја користи моќта на медиумите за решавање конфликти, за да ги унапреди човековите права и да поддржи подлабоко разбирање кај јавноста за социјалната различност. Институтот работи на меѓународно ниво за да го поттикне и олесни медиумското покривање на различностите. Поттикнува охрабрува фер, точно и инклузивно медиумско покривање со цел да промовира разбирање помеѓу различни групи и култури.
Исто така, промовира одговорно новинарство како средство за подобрување на односите помеѓу заедниците, зголемување на инклузијата и поттикнување разговор меѓу индивидуи и групи кои доаѓаат од различни средини. Работи со носителите на одлуки во медиумите, со новинари, со граѓански организации кои се залагаат за инклузија и застапување на маргинализираните групи, и со образовни институции и студенти.
Освен прирачници за новинари и граѓански организации, Институтот спроведува истражувања, држи обуки и продуцира мултимедијални медиумски содржини. Во партнерство со Универзитетот Вестминстер (Лондон), Институтот го подготви и заеднички го спроведува мастер курсот „Различноста и медиумите“, каде што студенти од целиот свет се подготвуваат за професионална работа во интегрирани редакции чија цел е да ги рефлектираат мултикултурните општества од каде доаѓаат.