Средношколци учат како да препознаваат дезинформации

Околу 50 ученици од средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје се запознаа со значењето на медиумската писменост и учеа како да препознаваат дезинформации и лажни вести.

Ова е трета од вкупно четирите работилници на Институтот за комуникациски студии во рамки на #НеделаПротивЛажниВести. Претходно ИКС реализираше две обуки за медиумска писменост и за родова стереотипизација во медиумите за пензионери и за активистките од Националниот сојуз на жени.

#Неделата против лажните вести е серија настани, обуки и вебинари што ИКС ги организира втора година по ред како дел од проектот Писменост за вести и дигитална писменост – справување со лажните вести. Годинава, ИКС преку овие активности се прилучи кон Деновите на медиумската писменост што ги организира Агенцијата за аудио и аудиовуелни медиумски услуги.