„СТОП ДЕЗИНФОРМАЦИИ“ ЗА КОВИД-19
Информирањето за време на пандемијата на коронавирусот и болеста што ја предизвикува – КОВИД-19, стана сериозен предизвик насекаде во светот. Се соочуваме со здравствена криза без преседан и поради тоа точните и навремени информации денес се поважни од било кога, зашто можат да значат спасување десетици илјади животи.
Дополнителен проблем за информирањето е тоа што во време кога најголем дел од државите имаат прогласено вонредна состојба, новинарите и медиумите се соочуваат со се потешки услови за својата работа, зашто изворите на вести и информации стануваат рестриктивни и ограничени. Како последица, во медиумите особено во онлајн просторот и на социјалните мрежи, присутни се голем број дезинформации за природата и потеклото на вирусот, за начините за борба против болеста, за здравствените статистики, за мерките и одлуките што ги преземаат властите во одделни држави итн.
Инфодемијата, како што Светската здравствена организација (СЗО) ја нарече поплавата од дезинформации за коронавирусот, може да биде исто толку опасна колку и самиот вирус. Од тие причини, партнерите во проектот СТОП ДЕЗИНФОРМАЦИИ чија главна цел е унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост како и подобрување на вештините и умешноста за препознавање дезинформации во медиумите, одлучија да го преструктуираат својот веб-сајт и да издвојат посебен дел токму за информациите и дезинформациите во врска со КОВИД-19.
Во овој дел од електронската публикација на СТОП ДЕЗИНФОРМАЦИИ ќе бидат поместени блогови од нашите соработници, како и преводи на текстови од странски медиуми поврзани со информирањето и дезинформациите за КОВИД-19, инфографици, квизови за препознавање дезинформации, како и корисни линкови, при што е важно да нагласиме дека станува збор за официјални извори од владини или меѓународни организации и институции, кредибилни медиуми, реномирани универзитети, влијателни граѓански здруженија и невладини организации и сл.
Очекуваме соработка од читателите за збогатување на нашите содржини со нови и интересни прилози, кои почиваат на проверени и точни информации.
БЛОГОВИ
Овде можете да најдете блогови од наши соработници како и преводи од странски медиуми поврзани со информирањето и дезинформациите за КОВИД-19, писменоста за вести и пандемијата, совети како да препознаваме лажни вести за коронавирусот, прилози за образовните практики за време на коронавирусот, корисни алатки за дигитална настава и виртуелна комуникација итн.
ПРЕВОДИ
ИНФОГРАФИЦИ
КВИЗ
КОРИСНИ ЛИНКОВИ
ДОМАШНИ ИЗВОРИ
На следните линкови можете да најдете официјални информации за состојбата и последиците од коронавирусот во Македонија, за мерките на Владата за борба против КОВИД-19, транскрипти и видеа од дневните прес-конференции на претставници од надлежните власти, интерактивни мапи итн.
Посебна веб-страница на Владата на РС Македонија посветена на коронавирусот
Веб-страница на Министерството за здравство каде што има информации за состојбите со KОВИД-19
Дел од официјалната веб-страница на Владата на РС Македонија посветен на КОВИД-19, со информации за здравствените и економските мерки и владините уредби
Веб-страница на Институтот за јавно здравје на РС Македонија каде што се поместени најновите информации за состојбите со коронавирусот
Веб-страница на Центарот за јавно здравје во Скопје со информации за КОВИД -19
Веб-страница со информации и статистики за коронавирусот преземени од Worldometers и од Светската здравствена организација и објавени на македонски јазик
Мапа на Центарот за управување со кризи на РС Македонија за следење на состојбата со коронавирусот
Мапа за следење на состојбата со коронавирусот во Македонија што ја изработи фирмата за софтверски решенија ГДИ, а се полни со официјални податоци од надлежните институции
СТРАНСКИ ИЗВОРИ
Во продолжение се линкови од странски извори на официјални информации за коронавирусот, водичи од реномирани новинарски и меѓународни медиумски асоцијации и универзитетски проекти за дезинформациите и КОВИД-19, медиумската писменост и писменоста за вести во време на коронавирусот, текстови во реномирани странски медиуми и сл.
Веб-страница на Светската здравствена организација во делот посветен на коронавирусот
Веб-страница на Светската здравствена организација каде што се разбиваат митовите за КОВИД-19, ширењето на болеста, третманот, лечењето и сл.
Мапа на универитетот за медицина Џон Хопкинс од САД, со најнови податоци за состојбата со коронавирусот во светот
Веб-страница на Европскиот центар за превенција и контрола на болести со информации за коронавирусот во земјите членки на ЕУ
Веб-страница на УНИЦЕФ, светската организација за правата на децата, на македонски јазик, каде што има повеќе едукативни текстови за тоа што треба да знаат децата и родителите за КОВИД-19, емоционалната состојба за време на коронавирусот, совети за тоа како да се организира учењето во домашни услови, за здрава исхрана за време на пандемијата и сл.
Веб-страница на Европската комисија посветена на борбата против дезинформациите за коронавирусот
Националниот проект „News Literacy“ (Писменост за вести) на САД, покрена специјална веб-страница за КОВИД 19 и писменоста за вести каде што има многу корисни податоци за справувањето со дезинформациите за коронавирусот
Центарот за писменост за вести на универзитетот Стони Брук од САД подготви посебна лекција за тоа како студентите треба да ја оценуваат веродостојноста на информациите за пандемијата со КОВИД-19
Poynter.org, еден од најреномираните светски ресурси и школи за едукација на новинари од САД, приреди Водич за читателите што треба да знаат за коронавирусот и вестите за пандемијата
Дата-база на дезинформации за коронавирусот собрани од организации и институции за проверка на факти во повеќе од 70 земји која вклучува текстови објавени на 40 јазици
Европската асоцијација за интересите на гледачите, која се залага за медиумска писменост, покрена кампања за медиумска писменост во борбата против КОВИД-19, каде што може да најдете повеќе ресурси за коронавирусот и дезинформациите
Проект на Репортери без граници, меѓународна организација за заштита на правата на новинарите, што има за цел да го оценува влијанието на пандемијата на КОВИД-19 врз новинарството – државна цензура, дезинформации и сл.
Веб-страница на меѓународната организација за заштита на човековите права „Privacy International“ каде што се следат сите мерки што ги преземаат државите во светот во борбата против КОВИД-19 и нивното влијание врз човековите права
„Лек за лажните вести: како да ги читаме информациите за коронавирусот“. Едукативен текст објавен во реномираниот англиски онлајн медиум „Гардијан“
Најважните лажни вести за короновирусот што доаѓаат од Русија. Текст на Еуобзервер, независен онлајн медиум од Брисел
Како да ги читаме информациите за коронавирусот како научници и да ja избегнеме КОВИД-19 „инфодемијата“ Едукативен текст објавен на веб-страницата на Светскиот економски форум
Како да ги запреме теориите на заговор за коронавирусот? Еден од повеќето академски текстови за КОВИД-19 објавен на реномираниот онлајн медиум од Велика Британија theconversation.com во кој пишуваат универзитетски професори од целиот свет на јазик прилагоден на обичната публика